Најјакиот колекционер на дресови од Серија А е од Шкотска

Неил Андерсон за себе вели дека е навивач на Абердин и колекционер на дресови од Италија. Чуден спој. Ако има некој Италијанец вакво богатство дома, нека ни пише.

Кога Андерсон викнал дома столар, ги прескокнал сите муабети околу правење плакар за алишта според димензии и простор да му собере гаќи, чорапи, фармерки, одела и сл.

Дечкото се гледа дека се спремал со една цел, а тоа е да биде по мерка со исти дупки само за дресови. Потоа само ги диплел и ги редел за да може да се читаат.

Каква пасија и педантерија на Шкотлаѓанецот, кој очигледно е луд по италијански фудбал штом направил дома волку богата колекција.

Она што е веднаш забележливо е дека собирал/купувал само од славни играчи. Па ова е невидена збирштина на ѕвезди кои играат или играле во Серија А. На петтата фотографија го има и Пандев.

А пазете го ова. Во редењето имал и концепт, па така на пример ги составил на едно место светските прваци од 2006, европските од 2020, како и легенди од сезоната 2001/2002

Дечково едноставно има дома бутик како никој друг.

16 јуни 2022 - 15:05