Андора им даде гол на Србите од 50 метри, па сама изедначи со автогол

Ах оваа Андора какви спомени ни носи. Дома 0:0 на замрзнат терен во јануари, кој бил знае, а таму го изедовме срамот 1:0 во време на Хари. Србите кои се во фудбалска агонија, замислете губеа од нив и тоа со гол од скоро пола терен на Силвиан Лопез во 17 минута. Само две минути подоцна извесен Гарсија сам си ја заби од корнер за 1:1. Триумфот од 1:3 го донесоа Влаховиќ и Митровиќ во вториот дел.

Србите тешко може да се надеваат на бараж, бидејќи во следно коло и гостуваат на Англија, а потоа ја пречекуваат Летонија. Ќе морат да одат на 6 бода и да чекаат еден пораз на Албанија, која прво игра со Андора на гости, па дома со Англија.

15 октомври 2025 - 08:22