На стадионот „Сан Марино“ во истоимената држава во петокот најдобрата фудбалска селекција на светот играше против една екипа која претставува државичка од 31.000 жители. Резултатот очекуван, кладилниците излегоа со хендикеп од 6,5 гола разлика и ништо не беше чудно. Ништо до изјавата на Томас Милер од Баерн Минхен:
„Сан Марино нема што да бара во професионалниот фудбал. Не ја сфаќам смислата на овие празни натпревари, и онака календарот е пренатрупан. Разбирам дека за нив е значајно да играат против светските шампиони, сфаќам дека може да се бранат само со тешки прекршоци. Баш затоа се прашувам дали овие дуели носат нешто друго освен непотребни ризици“, рече Милер после мечот и ги навреди домаќините.
На Милер му се придружи и легендарниот Румениге:
„Искрено мислам дека Сан Марино нема ништо со професионалниот фудбал. Не знам зошто мора вака“.
Од Сан Марино не останаа без коментар и вратија со иста мера. „Фудбалот не е во ваша сопственост, туку е на сите кои го сакаат, меѓу кои сакале вие или не сме и ние“, пиша Алан Гасперони, портпаролот на Олимпискиот Комитет на Сан Марино.
Во неговиот подолг пост на Фејсбук тој го означил профилот на Томас Милер и напишал:
„Драг Томас Милер, во право си. Натпреварите како оној од петокот вечер не служат за ништо. На тебе. Од друга страна, драг Томас, на тебе не би ти служело ни да доаѓаш во Сан Марино на гратис викенд во кој, без Бундеслигата, би можел да седиш на двоседот со сопругата во твојата луксузна вила или којзнае, да одиш на некој евент организиран од твоите спонзори и да земеш илјадници евра за тоа.
Јас ти верувам, но дозволи да ти дадам 10 добри мотиви за кои сметам дека дуелот Сан Марино - Германија беше многу корисен. Ако се сложуваш, ќе ми кажеш свое мислење.
1. Послужи да покаже дека ниту против бледите екипи како нашата не можеш да дадеш гол и не можеш да кажеш дека не се напна што Симончини (голманот) не ти дозволи да се запишеш во стрелците.
2. Послужи за твоите диригенти (кажи им и на Бекенбауер и Румениге) да сфатат дека фудбалот не е во ваша сопственост, туку на сите кои го сакаат меѓу кои сакале вие или не, сме и ние.
3. Послужи да потсети стотици новинари од цела Европа дека уште постојат дечки кои ги следат своите соништа а не вашите достигнувања.
4. Послужи да потврди дека вие Германците никогаш нема да се смените и дека историјата не ве научила ништо. Особено не дека препотенцијата не секогаш е гарант за победа.
5. Послужи да покаже дека на 200 деца од Сан Марино кои го следеа мечот сакаат да учат и да напредуваат со своите тренери. Којзнае можеби еден ден нивната жртва ќе им се исплати и ќе играат против Светските шампиони.
6. Послужи на твојата Федерација (а и на нашата) да заработи пари со правата на ТВ пренос со кои освен што ќе се плати твоето губење време, туку може да се изградат и терени за деца во твојата земја: фудбалски школи, посигурни стадиони... Нашата Федерација, ќе ти откријам тајна, ќе гради нов фудбалски стадион во едно заборавено место кое се вика Аквавива. Ти би можел да го изградиш со твојата шест-месечна плата, ние ќе го изградиме со правата за 90-минутен фудбал. Не е така лошо, нели?
7. Послужи за една земја голема колку еден сектор од твојот стадион во Минхен да се појави во новинските наслови од убава причина. Фудбалска средба секогаш е убав мотив.
8. Послужи другар ти Гнабри да дебитира во националниот тим и да постигне хет-трик на дебито. Сега може да му бара на Вердер обнова на договорот за двојно повеќе одошто заработувал досега.
9. Послужи и на некој Санмаринец да се сети дека имаме права репрезентација. Ќе ви се случи и вам кои сте речиси совршени да ве разбуди некој и да почне да игра мајтап со вас, зарем не?
10. Послужи да сфатам дека иако го носите најубавиот модел Адидас на светот, зад него ќе бидете секогаш оние кои носат бели чорапи со сандалите.
Со почит, твој Алан.