Тоа е Сан Марино, најслабата или ако сакате најлошата фудбалска селекција во светот. Постојат колку да се рече и имаат фудбалски тим во кој тешко е на една рака да се избројат фудбалери.
Во нивната историја имаат играно луѓе од најразлични профеисии, како сметководители, адвокати, банкари, студенти, административци, светло мајстори, вработени во фабрика, газди на разни фирми.
Земјата која се наоѓа во близина на Римини и која за малку не излегува на Јадран, има 30.000 жители и до пред 10 години, беше селекција со најмалата популација меѓу земјите членки на УЕФА. Тој „примат“ во 2013-та и го зеде Гибралтар.
Во евроквалификациите, Сан Марино се наоѓа во групата Х со Словенија, Данска, Финска, Казахстан и Северна Ирска. Не можат гол дадат, а не пак да освојат некој бод. Имаа 7 порази на 7 средби и гол разлика 0:24.
Станале членка на ФИФА и УЕФА во 1988 година, а првиот официјален меч го одиграле во квалификациите за ЕП 1992 против Швајцарија и го загубиле со 4:0.
Од тогаш денес во евроквалификациите имаа 75 порази, едно реми и ниту една победа со гол разлика 8:340. Во мундијалските квалификациите скорот им е 74 порази, 2 нерешени и 0 победи со гол разлика 12:356.
Најдобрата серија ја остварија во Лигата на нации каде во периодот окомври/ноември 2020-та, кога Македонија го заверуваше историскиот пласман на ЕП, Сан Марино се радуваше на првата серија од два меча на кои успеале да останат непоразени. Одиграа реми против Гибралтар и Лихтенштајн.
Инаку во периодот помеѓу 2008 и 2012-та држат рекорд во Европа со непостигнат гол на повеќе од 20 меча.
Со оглед на нивното реноме, на Википедија има листа на нивни непоразени средби и тоа се вкупно девет. Меѓу нив пет се со резултат 0:0. Инаку највисокиот пораз им е од Германија во 2006 кога загубија 13:0.
Најсреќниот датум во историјата на последнопласираната репрезентација на 207-то место на рангот на ФИФА е 28 април, 2004-та, бидејќи тоа е нивната прва и последна победа. Се работи за пријателска против Лихтенштајн од 1:0.
Од тогаш се во серија од 153 средби без победа.