Сан Марино даде гол после 803 дена, се радуваа како луди
Репрезентацијата на Сан Марино изгуби дома од Казахстан 1:3 во квалификациите за ЕП2020, а стрелец на голот за домаќините беше Филипо Берарди. Тој стана 16-от играч во историјата на оваа селекција којшто дал гол. Сан Марино последен пат постигна гол на 4. септември 2017 година против Азербејџан (1:4).