Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге ја продолжи дебатата која што ја отвори Томас Милер а ја дополни еден портпарол од Сан Марино.
„Сега играме со Сан Марино, Косово, Гибралтар. Се прашувам себеси зошто нема предквалификации за тие мали земји“, рекол Румениге во интервју за Sport-Bild денес.
Румениге им се придружи на неговите сонародници кои го критикуваа аматерскиот фудбал на Сан Марино селекција која што ја победија со 8:0 минатиот петок. Румениге вели дека овие земји би требале да играат на некој предквалификациски турнир пред да се придружат на групите во квалификациите за Светско и Европско првенство.
Тој се пожалил и за системот на гласање една земја-еден глас во ФИФА и УЕФА, затоа што според него “Гласот на најмалите земји сега тежи исто колку и оној на фудбалски моќната Германија“.
Поинакво мислење од шефот има капитенот на Баерн Минхен кој вели дека малите клубови и малите земји секогаш сакаат да играат вакви натпревари.
„Мислам дека за нив ова беше најголемиот натпревар во годината, а можеби и во последните години. Се радуваа на тоа а фудбалот е за тоа, за радост“, изјавил коректно Лам.