Во 80-те години фудбалот многумина го гледаат романтично и се носталгични кон тоа време. Од тогаш е и Масимо Бонини кој ја бараше својата среќа како брадест човек кој сред бел ден во античко време бил во потрага по она човечното во луѓето.
Јувентус беше најсилен во Италија затоа што ги имаше Платини и Бонјек, но уште посилен поради белите дробови и мускулите на големиот човек Масимо Бонини. Играта на Јуве без него би се распаднала на делови, но сите не беа свесни за тоа и неговото име не е асоцијација на тој Јуве кој асоцира на Платини и трагедијата на Хејсел.
Јуве освои три тутули во Серија А, Куп на шампиони, Куп на куповите на победниците и Интерконтинентален куп. Но Платини и Трапатони не можеа без него, а тоа покажува каков беше Бонини како фудбалер. Но зошто беше и голем човек?
Италија беше Светски првак, а Светски првак не се одбива или можеби се одбива?
Масимо Бонини не беше Италијанец, туку припадник на една мала нација за која велат дека е микродржава и која се тврди дека е најстарата суверена држава која уште постои, а ја основал Свети Марин во 301 година во новата ера. Таму, во Сан Марино е роден Масимо Бонини и цел живот ќе биде и ќе остане нејзин горд син.
Секоја година и секој месец италијанските селектори под притисок на јавноста го викале да заигра за Аѕурите и велеа: Ние сме Светски прваци, таму ти се пријателите, Италија сепак е твоја земја, направи го тоа поради Јувентус, ако не за себе.
Одговорот секогаш бил НЕ. Не помогнаа ниту убедувања, молби, уцени. Масимо Бонини знаел дека ќе го изгуби државјанството на Сан Марино ако земе италијански пасош и ако заигра за нив, а неговиот печат од Сан Марино бил најважен во светот.
„Сакам да заиграм за Сан Марино“, изјавил пред љубопитните новинари и се надевал дека ќе дојде и тој ден, а тогаш Сан Марино воопшто немал национален тим. Репрезентацијата станала полноправна члена на ФИФА и УЕФА во 1988 година, кога тој наполнил 30 години.
Големиот Бонини ќе го исполни својот сон на 14 ноември 1990. Тогаш бил ветеран и член на Болоња, а на терен со својата репрезентација се појавил како капитен. Тој бил единствен професионалец од 30.000 луѓе кои потекнуваат од деветте замоци на Венецијанската република.
Сан Марино загубил од Швајцарија со 4:0 и така почнал патот на најслабата фудбалска репрезентација во светот. Но на Бонини тоа не му сметало, тој тоа го знаел совршено.
Тоа што го забораваат поголемиот дел навивачи и поголем дел фудбалери е дека не е се во славата и парите, во трофеите и титулите, во головите и победите. Не, важна е гордоста, срцето, насмевката, играта, радоста.
Што би му рекол Бонини денеска на Диего Коста да речеме или на останатите натурализирани фудбалери кои на родното место гледаат само како на инцидент, а крвта и лимфата ја даваат на највисокиот понудувач на аукција?
Поминаа 26 години од првиот натпревар на Сан Марино, а две работи останаа непроменети. Поразите кои ги доживуваат и гордоста на нивните синови на кои Бонини им бил идол. Тие настапуваат за светло синиот дрес, каков и да е резултатот.
Пораз е само пораз, а фудбалот колку и да го митологизираме, е само фудбал и само игра. Тие две тавтологии никогаш не излегуваат од умот на веселите играчи на Сан Марино кои играат рекреативно, доцна навечер после работа и не потсетуваат дека спортот е најдобар и најискрен кога е аматерски.
Нивниот заштитен знак се чесност и радост, храброст и задоволство што имаат можност да се запознаат со своите фудбалски идоли и да излезат како Масимо Бонини на Вембли и публиката да ја чуе нивната химна. Тоа е нивната најголема човечка и спортска вредност.
Ако некогаш сте гледале натпревар на Сан Марино, тогаш знаете дека тие никогаш не играат грубо, никогаш не прават опасни фаули. Тие не се ниту љубоморни на другите, туку напротив ги поздравуваат со аплауз и насмевка.
Тие ја чуваат тајната на фудбалот, дека е ова најубавата игра затоа што е “демократска“ во која џуџе може да се мери со гигантите и во која за среќа е потребно многу малку. Два камења може да глумат стативи, треба само една топка и малку патриотизам.
Дали го видовте најважниот гол во историјата на фудбалот во квалификациите за ЕП 2016? Не, не го даде некој Албанец кој ја однесе својата земја во бараж, ниту Руни кој со пенал го сруши рекордот на Сер Боби Чарлтон и стана најдобар стрелец на сите времиња.
Тој гол е постигнат во еден на прв поглед неважен натпревар, пред полупразни трибини во земја каде фудбалот го сакаат помалку од кошарката.
Ако не сте го гледале, побрзајте, се случи во групата Е. Во Литванија гостуваше Сан Марино кој 14 години немаше дадено гол во гости или 34 меча по ред. И потоа во 55 минута голманот на Литванците доби црвен картон, а Матео Витајоли се залета од слободен удар и го проби живиот ѕид од 20 метри за најубавата приказна во последниот круг од квалификациите.
Витајоли погоди и лудуваше од среќа, а заедно со него и останатите играчи како да се пласирале на Европско или како да освоиле Мундијал. Тие го загубија и овој меч откако примија гол во судиското продолжение, но тоа не е важно, тие губеа и кога фудбалот беше романтика и кога во нивниот тим го имаа Масимо Бонини.
Тој гол затоа, без претерување е најважен кој сме го виделе во последните неколку години бидејќи покажува дека оној вистинскиот фудбал, наспроти овој модерниот и понатаму е жив, па макар и на полупразен стадион во Литванија, па макар и само на белиот дрес да пишува „Federazione Sammarinese Gioco Calcio“.
Тој гол е едно големо одјебите ги сите милијарди кои го уништија фудбалот, сите суперагенти и менаџери кои трчаат по профит и уништуваат деца кои ги гушат во можноста да некој стане Масимо Бонини, сите размазени примадони меѓу играчите, скандали и пластифицирани сопруги кои ги бираат од каталози.
Овој гол на Сан Марино, тоа е да знаете фудбал.
Извор: mozzartsport