
Матео Витајоли трча кон клупата, ги крева рацете кон небото, а соиграчите од радост го туркаат на земја и скокаат врз него.
Прославата на голот на Сан Марино изгледаше како онаа на Фабио Гросо по голот во продолжение на мечот Италија - Германија во 2006. година, кога Аѕурите се пласираа во финалето на Мундијалот. Важноста на голот на Витајоли против Литванија не може да се спореди со оној на Гросо, а не помогна ниту да се избегне пораз на Сан Марино кој во финишот прими гол од Литванците за 2-1.
Голот на Витајоли беше прв гол на Сан Марино после двегодишен пост, многу примени голови и противнички голмани видени само од далечина. Голот на Сан Марино е и прв на гостински терен после цели 14 години.
Витајоли бил работник, мајстор, кој во недела трча за локалниот клуб Тропикал Коријано.
Претходниот гол во 2013-та беше во квалификациите за СП, кој заврши 1-5 за Полјаците. Да не го примеа голот на крајот против Литванија, Сан Марино со резултат 1-1 дома ќе го однесеше вториот историски бод во една група (првиот го освоија против Естонија со 0-0).
Овој септември е полн со радости за Сан Марино, затоа што на последната ранг листа на ФИФА тие се 193-ти, со 17 репрезентации зад нив. Благодарение на голот на Витајоли, на следната ранг листа можеби ќе бидат погоре.