Австрија со рекордни 10:0 против пица мајсторите од Сан Марино, Арнаутовиќ им даде 4

Селекцијата на Австрија играше ракомет против аматерите од Сан Марино. Марко Арнаутовиќ стана најдобар стрелец во историјата на националниот тим.

Австријците ја наполнија мрежата на Сан Марино со 10 парчиња и ја остварија највисоката победа од нивното постоење.

Првиот дел заврши 6:0 со головите на Шмид, Арнаутовиќ, Грегорич, Пош (2) и Лаимер. Во вториот дел Арнаутовиќ даде уште три и еден Вурмбранд.

Со овие 4 гола, Марко Анраутовив стигна до бројка од 45 гола и стана прв стрелец во историјата на Австрија.

Во Х групата Австрија е прва со 5 од 5 и со меч помалку и бега 2 бода на БиХ.

10 октомври 2025 - 10:16