Селекцијата на Сан Марино, земја со околу 30.000 жители е на последното 208 место на ранг листата на ФИФА. Стана членка на ФИФА и УЕФА во 1988 година, а првиот официјален меч го одигра во рамките на квалификациите за ЕУРО 1992 против Швајцарија кој го загуби со 4:0.
Од вкупно 123 одиграни натпревари може да се пофали само со една победа. Пријателска против Лихтенштајн пред 10 години која ја добија со 1:0. Инаку ние во 96-та ги тепавме Лихтенштајн 11:1 на гости.
На останатите средби одиграле три нерешени против: Турција (квалификациска 1993), Латвија (квалификациска 2001 и пак Лихтенштајн (пријателска), а останатите 119 меча ги загубиле.
Сан марино има гол разлика од 20 дадени и 119 примени голови, а најголемиот пораз им се случи против Германците на домашен терен во 2006 година кога загубија со 13:0.
Се до изборите на Гибралтар во мај 2013 година тие беа селекцијата со најмала популација од земјите членки на УЕФА. Во периодот помеѓу 2008 и 2012-та држат рекорд во Европа со непостигнат гол на повеќе од 20 меча.
Вечерва Сан Марино ќе игра квалификациски меч против Англија со која има одиграно четири меча со гол разлика од 1 даден и 26 примени голови.
Посебно внимание привлекуваат професиите на фудбалерите меѓу кои има всушност само двајца професионалци од вкупно 23-ца во тимот. Останатите се сметководители, газди на бутици и фирми, тренери, адвокати, вработени во фабрика, студенти, административци.
Или