Сметководителите од Сан Марино

Милионерите од англиската фудбалска репрезентација често се расправаат со сметководители, но надвор од терените. Во петокот тие за прв пат имаа шанса да играат и против нив.

Шанкер, електричар, студенти, банкари, столари... се дел од репрезентацијата на Сан Марино која во петокот на Вембли загуби само 5:0 од Англија.

Репрезентацијата на Сан Марино во својата историја има одиграно 115 натпревари на кои има забележано една победа (против Лихтенштајн), 4 нерешени и 109 порази со гол разлика 19:477.

Последнопласиранта репрезентацијата на ФИФА листата во својот состав има само еден професионален фудбалер, а останатите се:

Голмани:
Алдо Симончини - сметководител
Федерико Валентини - работи во банка

Одбрана:
Симоне Бакиоки - работи во администрација на болница
Џанлука Болини - газда на фирма за селење заедно со брат му Фабио кој игра во среден ред
Кристиан Броли - студент
Алесандро Дела Вале - банкар
Марко Мурачини - студент
Мирко Палаци - професионален фудбалер во Римини
Давиде Симончини - сметководител
Дамјано Ванучи - газда на фитнес сала
Фабио Витаиоли - газда на бар заедно со брат му Матео кој игра во среден ред

Среден ред:
Фабио Болини - газда на фирма за селење заедно со брат му Џанлука кој игра во одбрана
Лоренцо Бускарини - студент
Микеле Сервелини - студент
Енрико Сибели - шанкер
Матео Копини - работи во фирма за производство на маслиново масло
Алекс Гасперони - мести осветлување
Пјер Филипо Маца - студент
Марко Рости - студент
Матео Витаиоли - газда на бар заедно со брат му Фабио кој игра во одбрана

Напад:
Алесандро Бјанки - работи во продавница
Мануел Марани - работи во фирма за сокови
Данило Риналди - работи во фирма за мебел

15 октомври 2012 - 09:12