Најшармантната прослава од ноќеска

Не зборуваме за нашата, чисто од страв да не се урочиме. Зборуваме за средбата меѓу Норвешка и Сан Марино, кои играа квалификации за Светско. Сето ова заврши со убедлива победа на Норвешка, меѓутоа се случи нешто крајно неочекувано за сите, Сан Марино даде гол. И тоа не каков било гол, туку гол на гости, на квалификации за светско, што за нив е прв ваков гол од 2001-ва. По голот, на твитер профилот @soccersanmarino се случуваше делириум.


Ова е голот, придружен со музика од Титаник:


А ова е реакцијата на коментаторите во норвешкото студио:

12 октомври 2016 - 11:17