Земјата која има помалку жители од Велес или Охрид и која брои 33.642 луѓе е петта најмала во светот распространета на 61 км2.
Има 199 порази на 211 натпревари, а на седум натпревари има примено 10 или повеќе голови. На ранг листата на ФИФА е последна.
Сан Марино во својата историја се има радувано на три официјални победи, сите над Лихтенштајн, а две од нив беа сезонава во Лига на нации.
Иако звучи неверно, по четири одиграни кола во групата 1 од Д-дивизијата го освоија првото место со 7 бодови, а зад себе го оставија Гибралтар со 6 и Лихтенштајн со 2 бода.
Синоќа славеа 0:1 против Лихтенштајн и ова им беше прва гостинска победа во историјата, која им донесе и пласман во Лига Ц.
20 години немаа триумф и откако во 2004-та го добија Лихтенштајн 1:0 на пријателска, стигнаа двете нови победи против истиот противник. Во септември и синоќа пак.
Одиме со ред:
- Прва и втора победа во официјално натпреварување (двете против Лихтенштајн, 1-0 и 1-3).
- Прв натпревар со 2 постигнати гола и прв со 3 постигнати гола.
- За првпат еден играч постигна гол на два натпревари по ред (Никола Нани против Гибралтар и Лихтенштајн).
- Прв постигнат гол на натпревар од Лигата на нации (Нико Сенсоли против Лихтенштајн, 1-0)
- Првпат завршуваат натпреварување со позитивна гол разлика (5 дадени и 3 примени голови или +2).
- Првпат завршуваат натпреварување со повисока позиција од било кој противник.
- Првпат завршуваат на прво место во група.
- За првпат ќе завршат една календарска година со позитивна статистика (2 победи, 1 реми, 1 пораз).
- Најдобра календарска година во однос вкупен број на победи (2).
-Најдобра календарска година според постигнати голови (14).
The moment that sealed San Marino's Promotion to League C! pic.twitter.com/9f70lx6qLN
— SPFL Mediawatch (@SPFLWatch) November 18, 2024
😮💨 | three hours later is still real. Update you tomorrow!#forzatitani #forzasanmarino https://t.co/EJBLGpaQ1R
— FSGC | official (@FSGC_official) November 19, 2024
San Marino come from behind to beat Liechtenstein and it means the world to them 🇸🇲
— Optus Sport (@OptusSport) November 18, 2024
It's only their third-ever win and it's delivered a change in UEFA Nations League group 🤩
Watch 📲 https://t.co/asxYN8w5Ek#NationsLeague #UNL pic.twitter.com/7Ocx5cj2HY
EL FESTEJO DE SAN MARINO POR EL ASCENSO A LA C 🤍🩵
— Diario Olé (@DiarioOle) November 18, 2024
La cuenta oficial de la selección calificó de "héroes" a los jugadores que vencieron a Liechtenstein y lograron subir de categoría en la Liga de Naciones de la UEFA
Tremendo 👏
📹 @FSGC_official pic.twitter.com/sil884GL2M