Селекцијата на Сан Марино замина на Вембли со скор од 26 примени и 1 даден гол на четири средби, а на петтиот дуел поминаа со петарда. Најинтересно прашање во една ваква ситуација кога се среќаваа 18-то против 208-то во свет е што правел 90 минути англискиот голман.
Одговорот е дека ја допрел топката само 19 пати и немал ниту една интервенција. За одлично завршената работа навивачи со 63% од гласовите го прогласија за играч на натпреварот. Англиските медиуми пишуваат дека тој не се фрлил ниту еднаш ниту на последните два меча против аматерите.
Голманот на Манчестер Сити нашол чаре како да ги пополни најдосадните 90 минути во неговата кариера.