Од голман со преку 600 настапи од кои повеќе од пола му се за Манчестер Сити, воопшто не се очекуваше ваков потег. Славниот Харт кој од лани брани за Селтик, на мечот против Мадервел симулираше повреда и тоа како да е колабиран. Потоа стана како ништо да не било и го бранеше цел меч. На Твитер го прават од гомно подоле.
Џо Харт, некогашниот англиски репрезентативен голман, сега е резерва во Тотенхем. Или он или тој што му го води Инстаграм акаунтот изгледа заборавил дека вкупен резултат се смета од двомеч, па синоќа и покрај поразот 3:0 од Динамо, Харт објави стори со крајниот резултат и опис: Job done! (Средена работа).
На кратко, беше фраерски. Екипата ја тренираше Стјуарт Пирс а во составот имаше играчи како Џои Бартон, Дариус Васел, бруталниот Дени Милс, Дитмар Хаман, Георгиос Самарас, Бернардо Коради...
Кога стана тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се ослободи на голманската позиција од Џо Харт и изјави дека слаба страна му било играњето со нога. Епа дојде чичо да ти каже сега.
Голманите имаат посебна страст да излезат надвор од својот гол, да дриблаат, да избијат топка со глава, да бидат во улога на петтиот одбранбен играч. Тоа често скапо ги чини.
Стратегот на Торино побара од Џо Харт на пресот да се обиде да зборува на италијански, но овој се укочи и продолжи на англиски. Потоа Синиша Михајловиќ удри на хумор со новинарите: Не ве гледам дека запишувате забелешки. Ти на пример правиш финта демек пишуваш, а уствари правиш список што треба да пазариш. А инаку добро зборуба Харт англиски нели?
Најголемото трансфер изненадување летово беше голманот на Манчестер Сити Џо Харт кој дојде да игра во Торино. Ем го пречекаа стотици навивачи на „Биковите“, а тој им позираше со дресот, ем што сега им прозборе италијански па ќе го засакаат уште повеќе.
Фудбалерите од Островот не секогаш играа важна улога во Серија А, така што голманот на Англија Џо Харт ќе има голема задача во земјата каде навивачите знаат да бидат многу разгалени. Конечно некој да го сака Џо Харт. Откако Пеп реши дека за него нема место во тимот, голманот на англиската репрезентација го пречекаа стотици навивачи во Торино во вторникот.
Најголемо изненадување во овој летен период за трансфери без конкуренција е зделката меѓу Манчестер Сити и Торино. На Гвардиола не му треба голманот на англиската репрезентација, а на Михајловиќ ептен ќе му се најде. Се работи за позајмица на една година. Торино ќе му плаќа 55.000 фунти неделно, а остатокот до 130.000 колку што му е плата, се обврска на Сити. Навивачите очекувано се во делириум.
Вечерашниот дуел меѓу ПСЖ и Манчестер Сити голманот на гостите сигурно го враќа на пријателскиот дуел меѓу Шведска и Англија 4:2 одигран во 2012-та. Зошто? Златан сам ја победи Англија која имаше водство 1:2, а на четвртиот гол Харт излезе од шеснаесетник и потоа беше само гледач на чудото кое го направи Ибра.
Дербито меѓу двата ривали од Манчестер кое заврши без голови, Џо Харт го искористи за да стигне до јубилејна бројка од 100 натпревари без примен гол во Премиер лигата.
И покрај тоа што паднаа 20 голови на 8 меча, главна улога на синоќешните мечеви од ЛШ имаа голманите Џанлуиџи Буфон, Џо Харт, Виланд од Малме и Акинфеев од ЦСКА Москва.
Во квалификациите за ЕП 2016, Англија во петок ја пречекува Литванија, а во меѓувреме на тренинг на Гордиот Албион му гореа рацете на Џо Харт. Единицата на Манчестер Сити се справуваше со бомбите на Руни, Велбек и Хари Кејн кој ќе дебитира за Англија.
Барселона стекна предност пред реваншот со Сити на Камп Ноу, откако вчера ги победи „граѓаните“ 1:2 на Етихад. Покрај двата гола на Луис Суарез, во центарот на вниманието беа и Меси и Џо Харт, кој му одбрани пенал на Аргентинецот.
Сините до фудбалската асоцијација на Англија ќе достават досие со материјали на кои се гледа како фудбалери кои прават сериозни прекршоци не се казнети, а нивниот Матиќ доби три меча суспензија.
Аргентинецот Естебан Камбијасо од слободен удар го испружи Харт колку што е долг, а голманот на англиската репрезентација воодушевен од шутот му отпоздрави на фудбалерот на Лестер. На крајот, дуелот го доби Сити со 1:0.