Новиот голман на „Торо“ носеше наочари за сонце на кои би позавидел и Марчело Мастројани, и позираше со маица на Граната Ултрас, навивачката група на Торино.
Со одлуката да го одбере Торино, Харт стана дел од одбрана, но не секогаш успешна група Британци кои играа на „Чизмата“. Џо стана само 34-от Британец во историјата кој потпишал со италијански клуб после Втората светска војна и тргна по стапките на Дејвид Плат кој ја изгради репутацијата во Серија А, Дес Вокер, култниот херој Тревор Френсис и Пол Инс и секако Пол Гаскоњ чијшто лик стои на муралите низ Рим.
Пред да се реши за трансфер, Харт се консултирал со другар му и поранешен соиграч од Сити, Мика Ричардс. Бекот на Астон Вила мина една сезона во Фиорентина пред две години и го засакал градот и клубот.
„Ме праша за Италија и му кажав дека е веројатно најдобрата земја каде што може да оди. Тоа беше едно од најубавите искуства во мојот живот. Фиренца е прекрасен град, луѓето се многу гостопримливи и се чуствував како дома“, изјави Ричардс за Гардијан.
Еден од најголемите предизвици за Харт ќе биде адаптацијата на фудбалската култура.
„Поинаку е од Англија. Многу повеќе се внимава на тактиката - секој мора да ја знае својата задача. Во Италија секогаш попрво ќе играат повозрасни играчи кои се поискусни од помладите кои сакаат да се докажат. Секој тренинг се работи само на тактика. Од друга страна не е толку физички напорно како во Англија. Ја унапредив мојата игра“, додава Ричардс.
Фудбалерите од Островот не секогаш играа важна улога во Серија А, така што голманот на Англија Џо Харт ќе има голема задача во земјата каде навивачите знаат да бидат многу разгалени. Конечно некој да го сака Џо Харт. Откако Гвардиола и Сити решија дека за него нема место во тимот, голманот на англиската репрезентација го пречекаа стотици навивачи во Торино во вторникот.
Новиот голман на „Торо“ носеше наочари за сонце на кои би позавидел и Марчело Мастројани, и позираше со маица на Граната Ултрас, навивачката група на Торино.
Со одлуката да го одбере Торино, Харт стана дел од одбрана, но не секогаш успешна група Британци кои играа на „Чизмата“. Џо стана само 34-от Британец во историјата кој потпишал со италијански клуб после Втората светска војна и тргна по стапките на Дејвид Плат кој ја изгради репутацијата во Серија А, Дес Вокер, култниот херој Тревор Френсис и Пол Инс и секако Пол Гаскоњ чијшто лик стои на муралите низ Рим.
Пред да се реши за трансфер, Харт се консултирал со другар му и поранешен соиграч од Сити, Мика Ричардс. Бекот на Астон Вила мина една сезона во Фиорентина пред две години и го засакал градот и клубот.
„Ме праша за Италија и му кажав дека е веројатно најдобрата земја каде што може да оди. Тоа беше едно од најубавите искуства во мојот живот. Фиренца е прекрасен град, луѓето се многу гостопримливи и се чуствував како дома“, изјави Ричардс за Гардијан.
Еден од најголемите предизвици за Харт ќе биде адаптацијата на фудбалската култура.
„Поинаку е од Англија. Многу повеќе се внимава на тактиката - секој мора да ја знае својата задача. Во Италија секогаш попрво ќе играат повозрасни играчи кои се поискусни од помладите кои сакаат да се докажат. Секој тренинг се работи само на тактика. Од друга страна не е толку физички напорно како во Англија. Ја унапредив мојата игра“, додава Ричардс.
Харт ќе ги следи и сонародниците Ешли Кол и Натаниел Чалобах кои играа во последните три сезони во Италија. Треба да се спомене и Равел Морисон кој од клупата на Лацио не мрдна подалеку.