Унгарија е во шок, остана без бараж во 96-та минута

Најдраматичната завршница во мундијалските квалификации се случи во Ф групата. Отпишаната Ирска, ја разби теоријата дека во фудбалот секогаш победуваат фаворитите.

Република Ирска се избори за мундијалски бараж на неверојатен начин, кој никој не го очекуваше. Ја сруши Унгарија среде Будимпешта и тоа со пресврт и гол во 96-та минута.

На домаќините им беше доволен само бод за да ја сочуваат втората позиција, но Ирска ги расплака и победи со 2:3.

Со головите на Лукач и Варга, Унгарија на полувреме имаше 2:1, а херој на мечот беше Трој Парот со хет-трик, кој ќе го памети до крајот на кариерата.

Постигна гол од пенал во 15 минута, израмни во 80-та, а голот вреден бараж за Светско го постигна во длабокото судиско продолжение, за делириум на клупата и молк меѓу домашните навивачи.

17 ноември 2025 - 08:12