Ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс во последниот ден од 2014. бил на снимање на коленото и грбот, по што лекарите му наложиле пауза од две седмици. Екипата од Охајо веќе нанижа три порази по ред, по што јавноста се нафрли на тренерот Дејвид Блат, кој игра без Андерсон Варежао.