Еден од најпознатите светски кошаркарски тренери кој во минатото го водеше Кливленд Кавалерс, а сега е предводник на Олимпијакос, упати отворено писмо до јавноста.
Писмото на Блат беше објавено на клупскиот сајт на атинскиот клуб, а јавноста се шокираше.
Дејвид Блат дава опис на болеста (PPMS, primary progressive multiple sclerosis) и вели дека неговиот живот не е загрозен.
„Понекогаш животот те фрла пред некои ситуации без некаква посебна причина. Тоа се моменти кои на испит го ставаат твојот карактер. Пред неколку месеци ми дијагностицираа мултиплекс склероза, болест која што се манифестира на различни начини кај луѓето, автоимуна болест која на многу начини може да влијае на можноста да се прават нормални работи“, вели Блат.
Тој беше тренер на Кливленд со Леброн Џејмс од 2014 до 2016.
„Мене ме погоди пред се во нозеете. Уморот, рамнотежата и мускулната сила ми прават проблеми. Почнав со специјални третмани за да ја засилам мускулатурата и мојата рамнотежа, како и пливање во базен за да го ојачам телото. Принуден сум да правам некои движења кои за многумина би биле лесни и нормално, но кај мене бараат сериозен напор. Морам да вежбам повеќе, не помалку“, додава легендарниот трофеен тренер и продолжува:
„Кога се вратив од првичниот шок и од болката колку оваа вест ќе ми го смени животот, веднаш решив дека нема да се предадам. Единствено нешто што можам да го направам е да се адаптирам на оваа моја нова состојба и да пробам да продолжам што е можно понормално. Се прилагодив на истата методологија која ја користам во кошарката, кога има пречка да се совлада. Мојата процедура има три чекори: 1) Што е проблемот? 2) Зошто се случило? 3) Како да се реши?
„Очигледно, затоа што во случајво е непознато, нема причина зошто се случило и тоа би можело лесно да те однесе во депресија. Оваа борба е права борба која не се шегува и како што нема лек и терапија, важи за битка која никогаш нема да заврши.
Но не го загрозува животот, додека постојат луѓе кои водат далеку потешки битки. Мора да имаме храброст да не се предаваме, да одиме понатаму и да водиме квалитетен живот“, констатира Дејвид Блат.