Зошто Блат не можеше против Леброн и опкружувањето

Еден од главните НБА инсајдери и прилично голем хејтер на Леброн Џејмс, Едриан Војнаровски раскажува за актуелната ситуација во Кливленд, откако франшизата реши да го избрка тренерот Дејвид Блат.

Леброн Џејмс јасно и гласно не го сакал Дејвид Блат за тренер на Кливленд Кавалирс. Дури и пред првиот тренинг на Блат во септември 2014-та, ѕвездата на Кливленд и неговиот агент, Рич Пол сакале франшизата да ја води Марк Џексон, поранешен тренер на Голден Стејт.
 
За да стане омилен кандидат на најмоќниот играч во НБА и де факто генерален менаџер на Кавалирс, Џексон сфатил што треба да направи: Да ја ангажира агенцијата на менаџерот на Леброн, Paul's Klutch Sports agency и да ги спакува куферите од Сакраменто. Блат никогаш немаше шанса.
 
Од самиот почеток, кампањата на Клач Спортс агенцијата да го извалка Блат како тренер беше немилосрдна, тврди Војнаровски. Џејмс, како еден од најмоќните луѓе во професионалниот спорт имал отворена непослушност кон Блат.
 
Конечно, кампусот на Џејмс го доби бараното во петокот. Кавалирс го отпуштија тренерот кој ја одбрани титулата во Источната Конференција и во моментов е првопласиран. Речиси сезона ипол, помошниот тренер Тајрон Лу се бореше да остане лојален на Блат, балансираше меѓу огнот на Џејмс и неговиот агент и ургираше да му се даде шанса на главниот тренер.
 

На крајот, ова беше проблемот на оригиналниот план на Клач Спортс агенцијата: Кливленд одби да го назначи Џексон за тренер. Генералниот менаџер на клубот, Дејвид Грифин е исто добро поврзан со луѓето во НБА, запознаен со историјата на Џексон во Голден Стејт Вориорс. Голем дел од работата на Грифин беше константно да ги демантира барањата на кампусот на Леброн.
 
Кога луѓето околу Леброн сфатиле дека Џексон никогаш нема да биде разгледуван како тренер на Кливленд, ниту пак Тајрон Лу ќе ѝ се придружи на агенцијата Клач Спортс, Лу станал компромисно решение во групата на Леброн. Така уште лани го туркаа Лу како замена за Блат, а гласните барања ги зачестија во последните недели.
 
Жилберт го направи Лу најскапо платен помошен тренер во НБА со 2 милиони плус бонуси годишно, отсекогаш гледајќи го него како иден наследник на Блат. Во последно време, Блат имаше малку моќ во Кливленд, затоа што Леброн Џејмс го поставил како ултиматум заминувањето на тренерот. Со текот на натпреварите, противничките играчи не само што го гледаа Леброн како одмавнува со рацете на барањата на Блат, туку и ги повел и другите играчи да не ги слушаат инструкциите на тренерот.
 
Џејмс повторно се покажа како главен, со тоа што го нема сега Пит Рајли да ги плаши сите во организацијата и работата на клубот.
 

И покрај тоа што победи на 11 од 13 натпревари (Загуби само од Голден Стејт и од Сан Антонио), Џејмс станал сè погласен противник на Блат, како на тренинзите така и на натпреварите. Леброн Џејмс и агентот Рич Пол никогаш не отишле во канцеларијата на генералниот менаџер да бараат оставка на тренерот, но заедно се способни да направат пекол од сечиј живот додека не ја завршат работата.

Самиот Блатер направи грешка со транзицијата во НБА, не успеа понекогаш да се избори со тешките натпревари и ситуации. Тој цели 20 години беше тренер во Евролигата и сега западна во ситуација да го води најдобриот играч на денешницата.

Откако Кливленд го отпушти Блат минатиот петок, веднаш му понудија 3-годишен договор на Тајрон Лу. Тој најпрвин сакал да биде в.д. тренер до крајот на сезоната, но на крајот одлучил да го прифати договорот вреден 9,5 милиони долари за 3 години, пренесува Yahoo Sports.

Сега, Лу ќе треба да се обиде да стори нешто што Леброн Џејмс не го сакаше во последната сезона во Мајами, ниту пак во првата година ипол во Кливленд: Да биде трениран.

25 јануари 2016 - 10:21