Најголемо изненадување во овој летен период за трансфери без конкуренција е зделката меѓу Манчестер Сити и Торино. На Гвардиола не му треба голманот на англиската репрезентација, а на Михајловиќ ептен ќе му се најде. Се работи за позајмица на една година. Торино ќе му плаќа 55.000 фунти неделно, а остатокот до 130.000 колку што му е плата, се обврска на Сити. Навивачите очекувано се во делириум.