Англиската фудбалска легенда во февруари годинава рече дека од сега ќе пие само по неколку чаши вино или пиво, само тогаш кога ќе сака, ама не секој ден. Е сега во изјавата стои и уште нешто кое вели вака: „Секогаш ќе бидам алкохоличар“. Најновата снимка е од рибен ресторан во Борнмут, каде келнерот му викнал и го однел до такси.
Го постигна на Европското 1996 со опасна финта и волеј и тоа на дербито против Шкотска. Не можеше послатко и поспектакуларно. Еврогол за паметење кој помина низ сите најавни шпици.
Легендарниот англиски напаѓач е асоцијација за алкохол кој ако пола го истурaше во радијатор место во уста, ќе го расипеше радијаторот. Но Пол не е познат само како тежок пијандура, барем тоа го тврдат негови поранешни колеги.
Ден-денес на северната трибина од стадионот „Олимпико“ во Рим се вее барјак со неговиот лик. Навивачите од цел свет, без разлика за кого и каде играл, го почитуваат бескрајно.
Кога Џенаро Гатузо треба да раскаже случка од минатото, ако зборува треба да се претвориме во уши, ако ја пишува тогаш во очи. Нема шанси да не е интересна.
Кога се изведувале пеналите против Јувентус во финалето на ЛШ 2003, Гатузо се молел да завршат пред него кој бил осми по ред за изведување. На Светското во Германија докторот за допинг чекал два и пол часа Гатузо да даде урина, затоа што бил уморен.
Дербито на вечерта во квалификациите за Мундијалот во Русија се игра во групата Ф. Се работи за едно од најголемите ривалства меѓу две земји, Англија и Шкотска. На навивачите на Гордиот Албион оваа пресметка секогаш ќе им буди спомени на Европското во 96-та и оној епски потег на Пол Гаскоњ.
За легендарниот Пол Гаскоњ има толку многу анегдоти, што комотно може да се состави книга од неговите циркуси. Еве една од тренинг во Тотенхем кога Гаскоњ играше за нив.
Фудбалерите од Островот не секогаш играа важна улога во Серија А, така што голманот на Англија Џо Харт ќе има голема задача во земјата каде навивачите знаат да бидат многу разгалени. Конечно некој да го сака Џо Харт. Откако Пеп реши дека за него нема место во тимот, голманот на англиската репрезентација го пречекаа стотици навивачи во Торино во вторникот.
Дека човекот тотално забега со алкохол тоа е точно, ама дека ова е тотално нечовечен начин на кој англискиот таблоид се обидува да го зголеми тиражот и тоа е точно.
Ако на вчерашната галерија на стари слики од летни одмори најјак беше Марадона, сега тоа се тренерот и директорот на Ливерпул кои се качени на педалинка како пред хотел Силекс.
Навивачите на Лацио го обожаваат од проста причина што секогаш беше свој и природен, па дури и кога новинарите сакаа пристојно да дознаат нешто од него.
Денес кога на фудбалерите им е поважен гелот за коса, изгледот и тоа како ќе одглумат пенал, сè повеќе недостасуваат играчите на кои да влезат со глава каде некој не би одел со нога им беше добар ден.
Малиот Пол, второ од четирите деца, првите фудбалски чекори ги направил на улицата Пит 29 во местото Данстон. Кога ќе се стемнело, се враќал дома и често јадел пржени риби, слушајќи го во позадина пијаниот татко Џон на кој Гаскоњ ќе се метне.
Фудбалерот на Арсенал ја прекина својата интернационална „суша” на натпреварот против Словенија, а за двата гола се инспирирал од последниот документарен филм за поранешната англиска легенда Пол Гаскоњ.
Поранешниот англиски фудбалер кој повторно му се врати на пиењето, замина во САД каде ќе се обиде да ја излечи зависноста од алкохолот. Трошоците во центарот за рехабилитација во Феникс кои чинат 7 илјади евра неделно, ќе ги подмират четворица негови пријатели.
Легендарниот англиски фудбалер кој долго време не се одделуваше од алкохолот, на хуманитарен настан кој бил организиран за борба против ракот, одржал говор во алкохолизирана состојба и им се извинил на присутните затоа што три дена по ред пиел виски.