Сите вести со фудбалската легенда веќе со години се исти, а гласат „Пол Гаскоњ го допре дното“. Го сликаат во пијана состојба, тотално пропаднат и мортус пијан, па дури и гол или со бањарка на улица.
Ако овие тврдења на неговата сестра се точни, тогаш дното го достигна и Сан кој е најпознат таблоид во Англија по објавување скандали.
„Не многу луѓе знаат за ова, но новинарите на Сан не само што се забавуваат и се шегуваат со проблемите на моето семејство, туку исто така купуваат шишиња со алкохол, ги оставаа пред вратата на брат ми и потоа го сликаат за да направат нешто што може да го продаваат“ вели Линдзи.
Според пишувањата на Goal.com се започнало со една фотографија од ова лето на која Гаскоњ е многу изнемоштен, со цигара во рака и која се претпоставува дека е по неговиот неуспех за детоксикација на организмот во Аризона.
Во текстот на Сан заедно со фотографијата стоел и податок дека дента кога поранешниот англискиот репрезентативец се вратил од опоравување, купил шише џин.