Анегдотата кога Гаскоњ го дотерал Гатузо од глава до петици

Кога Џенаро Гатузо треба да раскаже случка од минатото, ако зборува треба да се претвориме во уши, ако ја пишува тогаш во очи. Нема шанси да не е интересна.

Пред 13-те години поминати во Милан каде се прослави како голем борец и освои 10 трофеи, Гатузо имаше и една куса екскурзија во Шкотска каде во сезоната 1996/1997 настапуваше за Глазгов Ренџерс.
 
Таму заминал од Перуџа на 19 години, а голема поддршка и помош имал од легендарниот Пол Гаскоњ кој ги држел конците во соблекувалната.
 
Актуелниот тренер на Милан раскажува кога со помош на Англичанецот морал да излезе за да се дотера во склад на начинот кој се барал во клубот.
 
Иако не му било стил, сепак Гатузо ги испочитувал правилата и не платил ниту денар, благодарение на мангупот Гаскоњ.
 
„Имаше правило во Ренџерс уште од 50-те дека играчите мора да се појават на секој тренинг облечени во костум и вратоврска.
 
Јас бев тинејџер и мене ќе беше чудно да ме видат па дури и во јакна и тоа во недела. Едноставно не ми беше стил да се дотерувам. Пол ме собра и ме однесе кај еден од најскапите кројачите во Глазгов. Ми рече да си одберам седум-осум одела и дека клубот има договор со него, што значи играчите може да си изберат што сакаат.
 
Потоа договорот е направен сè што ќе изберат да им се одбива од плата на повеќе месечни рати во текот на сезоната. Избрав неколку костуми, кошули, кравати и на крај сметката изнесуваше околу 10.000 фунти.
 
Подоцна открив дека меѓу кројачот и клубот немало никаков договор. Тоа да ти било начин на Пол Гаскоњ за да ми помогне, нешто што го направи од своја рака без да сака да му дадам пари. Едноставно цела сметка ја плати од свој џеб.
 
Тоа е Пол Гаскоњ кој многу луѓе не го знаат во такво светло. Сега не тера баш добро. Има проблеми со алкохолот, но сепак се случаме често. Секогаш ќе ги имам овие сеќавања и се надевам дека луѓето знаат дека има големо срце. Тој мислеше на колегите и на страна од обврските во клубот и го забавуваше цел тим“.

Трансферот на Гатузо во Глазгов е приказна за себе., исто како и неговиот фудбалски пат.

16 октомври 2018 - 09:46