Колку фали старата школа во англискиот фудбал

Денес кога на фудбалерите им е поважен гелот за коса, изгледот и тоа како ќе одглумат пенал, сè повеќе недостасуваат играчите на кои да влезат со глава каде некој не би одел со нога им беше добар ден.

Џорџ Бест

Првата фудбалска мегаѕвезда во надфудбалска смисла. Крилото на Манчестер Јунајтед бил еден од најдобрите играчи но и најголеми алкохоличари во историјата на британскиот фудбал.

Тери Бучер

Малкумина денес знаат каде и како играл „Касапот", но сликава говори повеќе од сè друго. А играше за англиската репрезентација, за Ипсвич и Ренџерс, обично во централната одбрана.

Пол Гаскоњ

Главен англиски фудбалер на крајот од ХХ век кој играше полуфинале и на СП и на ЕП. Борбата со алкохолот му трае ден денес.

Тони Адамс

57 дена во затвор, 20 години во Арсенал, автентичен британски капитен и синоним за ноторен пијаница. Како и Гаскоњ така и Адамс имаше големи проблеми со чашката која што не ја менувал за ништо.

Стјуарт Пирс

Ден денес го викаат Психо. Играл кај Брајан Клаф, не даде гол од пенал во последната серија на полуфиналето од Светско првенство. Се откажа од фудбалот откако скрши нога.

Вини Џонс

Лидер на легендарниот тим на Вимблдон, фудбалер кој претрпел најмногу злоставување од трибините на англиските стадиони. После кариерата стана алкохоличар и познат глумец. Никогаш не бил суперфудбалер, но стана симбол на фудбалот без гел и симулирање.

Денис Вајс

Капитен и симбол на Челси во предабрамовичевата ера. Синоним за силеџија и грубијан, но и одличен фудбалер.

Алан Ширер

Најдобриот англиски бомбардер во ’90-те години. Класичен британски центарфор. Не чекаше многу, не дриблаше и стана препознатлив по евроголовите на прва без двоумење.

Рој Кин

Многу му фали на сегашниот Јунајтед како лидер, борец, капитен. Немаше коло а да не излезе крвав од теренот.

Данкан Фергусон

Свирепиот шкотски напаѓач секогаш прв во гужвите, ноќна мора за судиите и вратарите во пабовите ширум Англија.

Џејми Карагер

Стоперот кој целата своја кариера ја мина во Ливерпул и за 17 години ниту еднаш не се плашеше да влезе во дуел. Беспоштеден борец, фајтер каков денес ретко има во Премиер лигата.

Џои Бартон

Типичен британски фудбалски хулиган кој беше во состојба да се скара и тепа со пола противничка трибина.

Џон Тери

Човек кој става глава каде што другите се плашат да постават нога. Летовот ќе ја напушти англиската Премиер лига која најверојатно ќе остане со уште еден фајтер помалку.