На 25 ноември 2005. на 59 години почина ѕвездата на Манчестер Јунајтед и најталентираниот британски фудбалер на сите времиња. Го заврши фудбалот, остана со жените и алкохолот. И кога пиењето му ја зеде силата, го напуштија и жените. На човекот со светска слава, единствен другар на крајот му остана алкохолот.