Поминува кусо време откако Коби Брајант соопшти дека на крајот од оваа сезона ќе и каже збогум на кошарката и за тоа е потребно да се прочита „Италијанецот по име Коби“.
Сторијата за НБА шампионот е раскажана во 225 страници од кои ќе дознаете како Коби паднал од балкон кога сакал да вежба на игралиштето каде тренер бил татко му и како на девет години шутирал на еден паркинг.
На тема кошарка добро е да се прочита автобиографијата на единствениот кошаркар кој ја освои Евролигата со три различни клуба Сарунас Јасикевичиус, „Победата не е доволна. Мојот живот, мојата кошарка“.
Во „Кошарката на Еторе Месина“ од прва рака ќе дознаете од селекторот на Италија и асистент тренер во Сан Антонио како се игра во одбрана зона, потоа за контра нападот и подготовката на тимот. На оваа листа не се пропушта ниту „Животот на Мајкл Џордан“.
Кај фудбалот се почнува со биографијата на Џорџ Бест, една од првите ѕвезди во фудбалот, потоа „Како Кантона стана легенда“, за неговото златно време во Манчестер и за моментот кога дигна на клоци навивач на Кристал Палас.
Меѓу големиот број на книги за фудбал, мора да се помине и „Мојот живот“, книгата на најуспешниот тренер во историјата на англискиот фудбал, Сер Алекс Фергусон.
Ако ви се чита за тенис побарајте ја биографијата „Опен“ за Андре Агаси или втората негова книга која ја објави татко му кој зборува за остварениот сон, еден од неговите четворица синови да стане голем тенисер.
Во овој спорт неизбежен е Новак Ѓоковиќ кој во „Победничката точка. Мојата стратегија за одлична физичка и ментална подготвеност“ раскажува како станал тенисер број 1 во светот.
„Падот“ е нешто спротивно на тоа, а актер е Ленс Амстронг на кој поради допинг му беа одземени сите титули. За љубителите на мотоциклизмот и автомобилизмот ви ги препорачуваме книгите на Валентино Роси и Енцо Ферари.