По неодамнешната бламажа каде се појави под дејство на алкохол пред околу 500 гости, Пол Гаскоњ веднаш побара помош да му се спротистави на порокот кој никако да го победи. Популарниот „Газа" одлета за Америка во градот Феникс, каде се наоѓа најдобриот и најексклузивниот центар за рехабилитација од алкохол во светот.
Само авионскиот повратен билет за прва класа до САД чинел 15 илјади евра, додека третман за една недела во клиниката чинел 7 илјади евра. Според пишувањата на англиските медиуми тој ќе треба да остане таму неколку месеци.
Сите трошоци се понудија да ги покријат неговите пријатели, поранешниот негов репрезентативен колега Гери Линекер, ТВ водителот Пјерс Морган, Диџејот Крис Еванс и поранешниот шампион во Крикет Руни Ирани.
„Ова е неговата последна шанса. Веќе неколку години Пол оди од еден во друг центар за рехабилитација. По долгиот период од апстиненција повторно стана "заложник" на чашката. Алкохолот го сруши, му го сруши животот, го остави без денар во џеб, а му останаа само верните пријатели кои се обидуваат да го спасат", рече Диџеј Еванс.