Пол Гаскоњ ќе го поти алкохолот во аматерска лига

Легендарниот англиски фудбалер кој со години оди на терапии за да ги исчисти пороците, ќе ѝ се врати на првата љубов, фудбалската топка.

Некогашниот идол на младите во Англија и во Италија, Пол Гаскоњ би можел да се врати на теренот на 47-годишна возраст.

Веста стигна од англискиот дневен весник Бурнемут Дејли Ехо, според кој поранешниот играч на Лацио (43 натпревари и 6 гола од 92. до 95. година) и англиската репрезентација (57 настапи и 10 голови) ја прифатил понудата од таксистот Крис Фостед, кој инаку е претседател на клубот Абеј кој е дел од во локална аматерска лига.

„Му ветив дека секој пат кога ќе дојде да игра, јас бесплатно ќе го враќам до дома“- изјавил Фостер.

Популарниот Газа би можел да го има своети деби веќе во септември, кога Абеј игра против Рентех Рипејрс.

Пол Гаскоњ, долги години беше згрижен и хоспитализиран поради чистење од алкохол, а редовно ги полнеше насловните страни со скандали и полициските приведувања.

Од неодамна живее во Сандбанкс, близу градчето Дорсет кај каналот Ла Манш.

21 август 2014 - 13:15