Јорг Албертс и Пол Гаскоњ играа заедно во Глазгов Ренџерс. Германецот раскажува една куса анегдота за Англичанецот кој успеал во една минута да го збесне, а потоа и да го расплака тренерот од емоции.
„Останаа уште неколку дена до Божиќ. Пол како и обично доцнеше на тренинг. Одеднаш го гледаме како пристигнува со стар автомобил облечен како Дедо Мраз.
Се приближува до теренот и вика: `Подајте ми рака`.
Требаше да растовари планина од мечиња. Не ви кажувам како гледаше во него нашиот тогашен тренер во Ренџерс, Валтер Смит. Почна да го пцуе како луд, па го праша:
`Пол, што по ѓаволите правиш со овие плишани животни?
`Ова се за вас. Среќен Божиќ`.
Потоа го зема најголемото со срце во средина, му се приближи на тренерот и му рече:
`Ова е за вашата ќерка. Кажете и дека и посакувам побрзо да оздраве`.
Ќерката на Смит имаше тешка сообраќајна несреќа и беше во сериозна состојба. Потоа се гушнаа двајцата и почнаа да плачат.
Ете таков беше Пол Гаскоњ, лудак со огромно срце“.