Англискиот репрезентативец е член на Манчестер Сити од 2006-та и во неговата деветта сезона во Премиер лигата успеа на 100 меча да го сочува голот.
Подобар од него е Ирецот Шеј Гивен кој за Блекбурн, Њукасл, Манчестер Сити и Астон Вила ја зачува мрежата мирна на 113 средби. Тим Хауард кој настапуваше за Евертон и Манчестер Јунатед одигра 128 без да прими гол.
Легендарниот Питер Шмајхел кој беше славен во Манчестер Јунајтед остана несовладан 129 пати, Ван Дер Сар и Бред Фридел по 132, а Пепе Реина за 9 години во Ливерпул успешно го чуваше голот на 134 средби.
Најџел Мартин, првиот голман во Премиер лигата кој вредеше милион фунти бранеше за Бристол Роверс, Кристал Палас, Лидс и Евертон, а мрежата ја сочува мирна на 138 меча. Следува Дејвид Симан со 142 кој најдобрите денови ги мина во Арсенал, а се пензионираше во Манчестер Сити во 2004-та.
Најдобрите тројца на оваа листа се Марк Шварцер (152) кој игра за Лестер, а најдолго време беше во Мидлзброу. Потоа Петр Чех со 167, а прв е Дејвид Џејмс кој за Ватфорд, Ливерпул, Астон Вила, Вест Хем, Манчестер Сити и Портсмут одигра 170 меча без примен гол.