Откако веќе долго време е на клупата и ретко кога добива шанса, капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев вечерва на куп средбата Џенова - Перуџа постигна гол после подолго време. Струмичанецот зголеми на 2:0 во 37’ минута откако претходно синот на Диего Симеоне го отвори резултатот во 3’ минута.