Сите прашања и сугестии во однос на модерниот фудбал биле разгледувани на состанокот кој го предводел Сер Алекс Фергусон. Покрај Ферги, учество на самитот земаа уште и Пеп Гвардиола, Виљаш-Боаш, Арсен Венгер, Карло Анчелоти, Рафа Бенитез, Јирген Клоп, Мануел Пелегрини и др.
Најмногу се дебатирало околу можната промена на правилото за гол на гостински терен, кое во иднина не би требало да важи како досегашните два гола.
„Расправата се водеше околу тоа дали и колку правилото за гол на гости има било какво значење денес. Некои работи не се како што беа, затоа што напаѓачката игра напредна и повеќе тимови може да победуваат надвор од дома", изјавил Ферги.
Правилото гол на гости за првпат се применило во сезоната 1965/66 во тогашниот Куп на Купови, кога унгарскиот Хонвед се пласирал понатаму после нерешените 4-4 против Дукла во Прага.
„Ако се вратиме 30 години наназад, контра нападот го трчаше еден или двајца играчи најмногу. Денес контрите ги прават пет или шест играчи со брзи додавања", Се изјаснил Фергусон за промената на правилото.
Шкотланѓанецот своето размислување го базирал и на се' подобрите услови за игра во денешно време:
„Терените денес се фантастични, за разлика од порано, така што одбраната сега многу лесно со пасови може да ја изнесе топката отколку пред 30 години кога терените не беа во толку добра состојба", констатирал долгогодишниот менаџер на Манчестер јунајтед.
Што се однесува до ждрепката за евро-натпреварите, таа во моментов предвидува рангирање на клубовите според резултатите од последните 5 години, така што шампионите како Манчестер Сити, Јувентус и ПСЖ често не се меѓу носителите.
Фергусон, кој на два пати ја освојуваше Лигата на шампионите ја прокоментирал и таа солуција:
„Од моја гледна точка, мислам дека ждрепката не игра толку голема улога. Добиваш противници и играш како што знаеш, тоа е најважно. Јас кога играв на домашен терен, секогаш си викав само да не примиш гол", заклучил стариот лисец.