Како Гундоган и Озил со слика со Ердоган ја разбудија германската десница

И покрај искрените обиди да објасни што се случило, Илкај Гундоган го исвиркуваше цела „Бај Арена“ во Леверкузен на последната проверка на Германија против Саудиска Арабија пред стартот на Светското. Високата десница бара укинување двојни државјанства.

Генералката на Германија пред големиот Мундијал беше против Саудиска Арабија (2:1). На тој меч фудбалерот на Манчестер Сити Илкај Ѓундоган влезе наместо Марко Ројс во 57’ минута и целата леверкузенска „Бај Арена“ жестоко го исвирка.

Го свиреа и при секој контакт со топката.

Што ги разгневило толку германските навивачи?

Средбата на Ѓундоган и Озил со претседателот на Турција

Во средината на мај, само што заврши англиската Премиер лига, Ѓундоган и Месут Озил неочекувано се сретнале со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган во Лондон.

Во тој период Ердоган беше во активна изборна кампања за претседателски избори. Една од клучните точки му биле да ги освои гласовите на Турците кои живеат во други земји (околу 2,5 милиони Турци живеат во Германија), па според медиумите изборот за средба со фудбалери бил идеален план за кампањата.

Се сретнал со Ѓундоган и Озил а со нив бил и напаѓачот на Евертон Тосун којшто исто е роден во Германија но игра за Турција.

Сите четворица ручале во лондонскиот хотел Four Seasons каде што се фотографирале и разговарале. Фудбалерите му подариле на претседателот Ердоган дресови од Манчестер Сити и Арсенал. Скандалот немало да биде толку голем ако Ѓундоган на својот дрес не напишал на турски јазик: „Мое уважување кон вас претседателе, со почит“, што ги изиритирало Германците.

Родителите на Ѓундоган и Озил се Турци но и обајцата се родени во Гелзенкирхен и уште во младоста настапувале за Германија. Многу Германци овој настан го доживеале како предавство од Ѓундоган.

Следувала реакција од германската јавност.

„Фудбалот и DFB почитуваат вредности кои Ердоган не ги уважува во доволна мера. Непримерено е што нашите играчи дозволија да бидат изманипулирани во рамки на изборна кампања. Со нивните постапки не помагаат во нашите залагања за интеграција“, напиша на Твитер претседателот на Германскиот фудбалски сојуз Рајнхард Гриндел.

Токму зборот интеграција е уште еден клучен збор во конфликтот. Германскиот реномиран весник Der Spiegel уверено напишал: кога двајца успешни фудбалери покажуваат презир кон земјата која ги примила нивните родители и тоа со радост го искористиле сите десничарски партии во Германија.

„Оваа средба со Ердоган ќе им помогне на десничарите да бидат сигурни дека интеграцијата не е успешна и причина плус да бараат укинување на двојните државјанства во Германија (двојните документи се посебно изразени меѓу имигрантите од Турција)“, пишува весникот.

Освен претседателот на фудбалската федерација на Германија, Гриндел, средбата ги засегнала и другите членови на сојузот.

„Ниту еден од нив не знаел за симболичното значење на фотографијата (на која Ердоган држи дрес со автограм од Ѓундоган), но совршено е очигледно дека постапиле неправилно и ние зборувавме со нив за тоа“, изјавил директорот на DFB Оливер Бироф.

„Ѓундоган треба јасно да знае дека претседателот на Германија е и негов претседател“, додал член на главниот одбор на федерацијата, Рајнер Кох.

 Ѓундоган постојано објаснува, Озил молчи

За еден месец фудбалерот на Манчестер Сити дури три пати објаснувал зошто се сретнал со претседателот на Турција. Прво на германските медиуми им кажал: „Тоа беше гест на учтивост. На сите оправдани критики морам да одговорам дека ја донесовме оваа одлука од почит кон личноста која има фунцкија претседател и поради нашите турски корени“.

Потоа Ѓундоган кој освои злато со Германија на Светското првенство 2014 напишал долг пост на Инстаграм за да ја „објасни“ целата ситуација:

„Јас по сопствена желба го прекинав одморот да отидам во Дубаи за да преговарам со вработените во Германскиот фудбалски сојуз. Бев многу среќен што ме прими и претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмаер. Тој сакаше да се запознае со мојата позиција. Му кажав дека сум приврзан за Германија и репрезентацијата но дека моето семејство има турски корени. Ја ценам љубовта на моите родители кон родниот крај каде уште живеат моите баба и дедо. За моите родители тоа е втор дом после Гелзенкирхен. Ја разбирам критиката за моите постапки. Но многу ме погоди кога ме обвинија дека не го почитувам сојузот, фудбалот и земјата. Јас сум граѓанин на Германија којшто ја исполнува државната химна. За мене тоа е неверојатно важно. Моите деца ќе живеат и учат во Германија - земја која му даде толку големи можности на моето семејство.“

 

Но отворениот пристап на Ѓундоган нималку не ги убедил Германците пред мечот со Саудиска Арабија во Леверкузен па тој набрзо дал уште едно интервју за France Football.

„Некои коментари многу ме погодија. Добив многу лични закани. Во последната година многу направивме за интеграцијата во Германија. Јас и Озил имаме турски корени но сме родени и израснати во Гелзенкирхен. Во тој град има многу емигранти. Тешко ми е кога слушам дека ние не сакаме да живееме по германски закони“, рекол Ѓундоган меѓудругото во интервјуто.

Озил и Ѓундоган добиле поддршка од Меркел, селекторот Лев и соиграчите

Голема поддршка Озил и Илкај добиле од репрезентативците. Селекторот Јоаким Лев двапати се огласил за скандалот. Прво во мај тој бил лут: „Непримерена постапка. Овој настан ќе им биде лекција и сигурно ќе одржиме сериозен разговор со нив“, рекол Лев.

А во јуни после мечот со Саудиска Арабија, Јоги им се налутил на навивачите: „Ѓиндоган е играч на репрезентацијата. Свирките нема да им помогнат ниту на навивачите, ниту нему. Тој одигра добар меч и ништо повеќе не очекував.“

Потоа се огласија и фудбалерите

Марко Ројс изјави: „Не ги разбирам свирежите кон Илкај. Да го видевте во соблекувална точно ќе сфатевте колку го погоди тоа. Ѓиндоган не заслужува таков однос. Ние несомнено го поддржуваме.“

Матс Хумелс од Баерн рече: „Не е добро да му се свири на играч во време на домашен меч. Особено не во случаеви кога атмосферата е толку добра како што беше од почеток. Навивачите се радуваа, аплаудираа после успешни акции. Но потоа почнаа да свират и престанаа со поддршка на другите момци. Како сите едвај да чекаа Илкај да добие топка за да го исвиркуваат. Мене ме огорчи тоа. Се надевам дека нема да се повтори ова зошто Озил и Ѓиндоган никогаш не и погрешиле на оваа земја“.

Ќе видиме какви ќе бидат Германците на 17. јуни кога го отвораат Светското против Мексико.