Славниот писател ја напуштил Чехословачка во 1975. Тој и неговата сопруга тогаш заминале за Франција, каде требало кратко да престојуваат на тамошен универзитет. Но никогаш не се вратиле. Комунистичката власт му го одзела државјанството во 1979, а од тогаш тој ретко се враќал во татковината, дури и по падот на Железната завеса. Но по четири децении, сега е повторно Чех.