Бројките на Американци кои дигаат сидро од татковината се смешка во однос на оние од нашиов дел на светот кои шибаат накај посреќни дестинации, но, трендовите се интересни.
За време на претседателствувањето на Барак Обама, бројот на Американци кои се откажале од државјанство пораснал за 550% во однос на ерата на Буш.
А според едно истражување, 25 проценти од Американците рекле дека сериозно ќе размислат да ја напуштат државата во случај во Белата куќа да се насели Трамп.
Причините за барање друг пасош се најразлични: можности за работа, патување, инвестициски бенефиции.... А секоја држава различно го решава тоа прашање. Во Андора процесот трае дури 20 години, Кипар беше брз но до неодамна бараше минимална инвестиција од 2 милиони долари, на Малта тоа чини 650.000 долари, австрискиот пасош важи за еден од најкорисните на светот бидејќи со него слободно се патува во 170 земји а заради даночни и инвестициски погодности не се котира лошо ни српскиот кој неодамна го доби актерoт Стивен Сигал.
А за селење, Хилари рече дека не помислува да ја напушти својата земја, дури и ако нејзин претседател стане Донал Трамп:
"Само мислам дека во тој случај, поголем дел од денот ќе го минам дерејќи му се на телевизорот", призна Хилари.