Ништо од овие силни упади не успеаја да раскринкаат битни терористички врски но затоа успеаа сериозно да ги истрауматизираат граѓаните. Психозата е таква што во Париз станува вообичено човек да не може да влезе во продавница со закопчана јакна.
Огромен дел од рациите се изведени во муслимански домови, бизниси и џамии.
"Муслиманското малцинство во Франција има чувство дека е третирано како државен непријател," вели човек од една организација која се бори против исламофобијата.
Вонредноста на сегашната состојба им дава на извршните власти исклучителни овластувања: од вршења упади без налог до затворања асоцијации или ограничувања на правото на мирно собирање, сето тоа без судско одобрување.
Франсоа Оланд смета дека во моментов Франција е во војна со еден нов вид непријател и затоа владата мора да има одврзани раце за да се справи со заканата.
Во таа насока се и барањата за уставните амандмани со цел поедноставување на постапката за прогласување вонредни состојби како и можноста да им биде одземено француското државјанство на оние граѓани со двојно државјанство а се родени во земјата. Оние кои имаат државјанство а не се родени во Франција тоа веќе им се одзема, ако се утврди нивна поврзаност со терористички закани.
Тоа го предложи Никола Саркози уште пред 5 години но тогаш Оланд и неговата партија беа против таквата политика оценувајќи ја за дискриминаторска. Денес мислат поинаку.