64 годишната Британка Маргарет Доути последниве 30-тина години ги има минато во САД, легално, со постојана дозвола за работа и престој. Моментално се наоѓа во процес на аплицирање за американско државјанство а инаку работи во една непрофитна организација која се занимава со описменување на возрасни лица. Сите овие параметри ѝ одат во прилог, но, Маргарет е атеист.
На стандардното прашање дали во случај на потреба е подготвена да земе оружје в рака и да ги брани САД, таа на бирото за имиграција им го дала следниов одговор:
"Сигурна сум дека нема да дојде ситуација во која од една 64 годишна жена ќе се бара да земе оружје в рака, но, ако морам да одговорам на ова прашање, не можам да лажам. Вистината е дека јас не би била спремна да земам оружје. Уште во младоста изградив силна и искрена одбивност кон учество во војни. Длабоко и искрено верувам дека не е морално да се одземе туѓ живот... Сакам сепак да кажам дека во случај на потреба од национално значење, спремна сум да служам под цивилна управа на армиските сили и да пружам неборбени услуги доколку тоа го бара законот."
Иако во апликацијата нагласила дека е атеист, од Американскиот сервис за имиграција добила одговор дека нејзиниот "приговор на совеста" мора да се темели на религиозна основа, и дека не е доволно да има само етички проблеми со темата. Со други зборови, ако некој не верува во Господ, САД не гледа причина зошто не би зел оружје и би се борел за земјата.
Конечното произнесување по нејзиното барање на државјанство е одложено и дадено и е до знаење дека за да продолжи процесот, таа мора да достави писмен доказ од црековна организација за "приговорот на совеста".
"Ве молиме да ни доставите официјален црковен меморандум со кој се потврдува дека сте член на таа организација како и официјален став на црквата за носење оружје."
Даден и е рок до 21 јуни да обезбеди религиозна причина за нејзиното одбивање да се вооружи ако земјата тоа од неа го побара.