Еден од филмовите кои е номиниран за Оскар оваа година е биографската воена драма за американскиот болничар кој служел во американската војска распоредена на Пацификот во текот на Втората светска војна, прв кој добил Орден за храброст иако не сакал да допре пушка.
Ако барате американско државјанство, меѓу другото, ќе ве прашаат дали сте спремни со оружје да ја браните Америка. Можете да кажете не, ама само од религиозни причини, етичките не ви се важат.