Името на Сноуден се појави на декретот за давање руско државјанство на кое имаше вкупно 72 странски државјани.
Сноуден побара државјанство уште во 2020 заедно со неговата сопруга која во тоа време беше трудна, како не би морало да се разделуваат во време на пандемија и затворени граници. Истата година Русија му даде перманентно жителство, што е еден чекор пред целосно државјанство.
Веднаш по потпишувањето државјанство главната тема што се разгоре на руските социјални мрежи беше дали тоа значи дека Сноуден може да биде мобилизиран. Ова беше отфрлено од адвокатот на Сноуден кој објасни дека тоа не може да се случи затоа што тој претходно нема служено војска во Русија.
Во 2019 Сноуден објави дека е подготвен да се врати во САД доколку таму му се гарантира фер судење. Иако претходно ја критикуваше Русија околу човековите права, Сноуден за сега јавно ја нема коментирано руската инвазија на Украина.