Се работи се случаи на деца родени во нелегален брак меѓу американски и странски државјанин, во случајов Мексиканец/ка.
Департментот за домашна безбедност и соодветните имиграциони служби депортирале вакви случаи повикувајќи се на членот 314 од мексиканскиот устав.
Во случајот на барањето државјанство на 49 годишниот Зигифредо Салдана, роден во таков див брак во Мексико од татко Американец и мајка Мексиканка, судот во Њу Орлеанс не се повикал по автоматизам на тој член туку решил малку да прочепка па утврдил дека фамозниот член - не постои.
Департментот за домашна безбедност се уште не сака да го коментира проблемот.
Тоа што е во право малку му користи на Салдано бидејќи во последниве 20 години бил три пати депортиран, бил две години држен во притвор а кога бил на слобода морал да се издржува со мизерна дневница бидејќи немал уредни документи.
Иако случаите како него не се ретки, веројатно нема да дојде до силен прилив на барања за легализирање на престојот бидејќи огромен дел од ваквата популација не може да си дозволи правен консултант.