Таг: илкај гундоган

На судијата не му текна да се тргне, па Гундоган му играше еден на еден

Необична ситуација на мечот Барселона - Атлетико Мадрид кој заврши 1:0. Судијата лошо се постави, а потоа целосно се збуни и заборави да се тргне на страна кога Гундоган тргна кон гол. Згора на се Барса ја изгуби топката поради него, а не ја ни сопре акцијата.

Домаќинското работење на Барселона која со ситни пари имаше фантастичен преоден рок

Чави тргна во одбрана на титулата, за која уште на старт доби офанзивен напад од Реал кој стартуваше со 4 од 4. Скоро денар не потрошија, а донесоа големи имиња.

Него Гундоган многу мангупски голови даде

На навивачите на Арсенал им се ближат, веќе по кој знае кој пат нови плачки за иста причина, а тоа е колку и да се блиску, сепак секогаш се далеку од титулата. Загубија дома од Брајтон 0:3, а Манчестер Сити со истиот резултат славеше на гостувањето против Евертон. Грев е да не се одбележат и погледнат повеќе пати двете велемајстории на Илкај Гундоган. Маестрални завршници со посебен акцент на првата.

Ова влегува во гол, а ти лежи до сабајле ако сакаш

Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога против Свиндон во ФА Купот, кој го совлада на гости со 1:4. Мајсторијата на мечот ја има Илкај Гундоган кој покажа дека џабе е и стоење и лежење на жив ѕид. 

Гундоган, што стори бе пријателе?

Манчестер Сити сериозно се враќа во трката за титулата откако врза 5 победи по ред (8 во сите натпреварувања). Синоќа во Премиер лига падна Кристал Палас чиј голман 4 пати ја вадеше топката од мрежа. Илкај Гундоган го даде третиот гол за домаќинот. Еврогол уствари.

Како Гундоган и Озил со слика со Ердоган ја разбудија германската десница

И покрај искрените обиди да објасни што се случило, Илкај Гундоган го исвиркуваше цела „Бај Арена“ во Леверкузен на последната проверка на Германија против Саудиска Арабија пред стартот на Светското. Високата десница бара укинување двојни државјанства.

Алексис Санчез не знае кој е Гундоган од Сити

Пред големото дерби Сити - Арсенал минатиот викенд, Пеп Гвардиола им дозволил на играчите да излезат  на теренот во дресови со бројот 8 во чест на тешко повредениот Илкај Гундоган кој ќе паузира неколку месеци. Кога во тунелот се сретнаа Алексис Санчез и голманот на Сити Клаудио Браво, Чилеанецот го прашува Мексиканецот: „Гундоган? Некој од младинците“?