На навивачите на Арсенал им се ближат, веќе по кој знае кој пат нови плачки за иста причина, а тоа е колку и да се блиску, сепак секогаш се далеку од титулата. Загубија дома од Брајтон 0:3, а Манчестер Сити со истиот резултат славеше на гостувањето против Евертон. Грев е да не се одбележат и погледнат повеќе пати двете велемајстории на Илкај Гундоган. Маестрални завршници со посебен акцент на првата.