Цели 88 години компанијата Sixtus произведува средства за нега на нозете на база на алпска трева, а нивната клиентела се проценува на повеќе од 3.000 луѓе.
Фирмата била основана во 1931 година од двајца фармацевти - Ото Рихтер и Фриц Бекер. За да направи совршен производ на база на три компоненти, Сикстус соработува со специјалисти од областа на медицината, педијатријата, физиотерапија и спорт.
Во оваа трокомпонентна формула влегуваат: алантоин, природни етерични масла и алпски треви. Исто така Сикстус соработува со германската асоцијација за борба против дијабетис. Во Германија има повеќе од 7 милиони пациенти со вакво заболување.
Од 2017 година контролниот пакет акции во фирмата Сикстус го купил Philipp Lahm Holding, кој како што погаѓате е во сопственост на легендарниот капитен на Баерн и репрезентацијата на Германија.
„Грижата за своето тело е најважна не само за професионалните спортисти туку за сите нас. Здравјето е основата за среќен живот“, рекол Филип Лам во август 2017 кога овој светски шампион со Германија го купил контролниот пакет акции на фирмата.
Сикстус не е единствен бизнис на Филип Лам. Тој владее со акции и во компанииите: Danova (компанија која се занимава со прашање за здравје), Schneekoppe (производител на биопродукти), Fanmiles (навивачка платформа) и Die Brückenköpfe (консалтинг компанија чии клиенти се и Адидас, Дојче Телеком и Rewe).
Но да се вратиме на Сикстус, на времето успешна компанија која уште во 1952 и 1972 година била главен спонзор на Олимписки Игри, а тоа што и се случува денес не може да се сокрие.
Во последните месец дена, фирмата отпуштила 20 вработени и уште 10 ќе отпушти во блиска иднина. А оние кои останале да работат, работат по 20 часа неделно затоа што производствениот капацитет е намален.
Во 2016 година загубите на компанијата биле 1,2 милиони евра, а во 2017 - 667.000 евра.
„Неопходно е да се заработуваат не помалку од 4 милиони евра годишно за да се одржува Сикстус. Денес тоа не е можно и поради тоа решивме да го скратиме персоналот“, рекол адвокатот на Сикстус, Биргит Баудиш.
Минатата недела, раководството на Сикстус меѓу кои и шефот Филип Лам биле дадени на суд. Причината било бркањето на работниците кои повеќе од 20 години ја издигнувале компанијата.
Денес тие се принудени да бараат нова работа, но трудовото законодавство на Германија го штити секој граѓанин од неправеден отказ за кој мора да има претходна најава од 1-3 месеци. Тоа стои во трудовиот договор како најважен документ во германската трудова средина. Секој втор избркан работник веќе го дал Сикстус на суд и бара или парична компензација или враќање на работно место.
„Го разбирам незадоволството на тие луѓе и на себе ја земам целосната одговорност за тоа што се случи. Во текот на последните неколку години, нашите економски показатели се далеку од добри, така што мораме да го менуваме нашиот бизнис модел“, рекол Филип Лам за тешкото време на фирмата Сикстус.
Новиот бизнис модел се состои во тоа што во иднина асортиманот на Сикстус ќе ги скрати производите од 220 на 8.
Не така одамна седиштето на Сикстус го преселиле во Бад Ахблинг од Хаусхам, каде имале простор од 3.850 квадратни метри. Смената на локација е поврзана со намалување на расходите. До јануари следната година, компанијата планира во Хаусхам да го остави само раководниот персонал и лабораторија од 12 квадратни метри и архив. Во Бад Ајблинг ќе се врши основната дејност - производството.
Ваквото слабо раководење беузсловно може да се одрази и на идната фукнционерска работа на Филип Лам. Тој во 2016 ја заврши богатата фудбалска кариера, а неодамна се шпекулирало во Германија дека по оставката на претседателот на фудбалската федерација на Германија, Рајнхард Гриндел (падна поради скапоцен саат), Филип Лам е главен кандидат за претседател на DFB.
Сега се поставува прашањето дали некогашниот капитен на Баерн би можел да прифати така сериозна позиција која би можела да трпи поради неговите функции во повеќе компании.