Во Германија Светското го коментира жена и не ја сакаат баш многу

Клаудија е единствената жена во друштво на машки колеги на Мундијалот во Русија. Мажите тешко можат да се привикнат на тоа оазата да им ја нарушува „некој кој помалку знае за фудбал од нив“, но Нојман добила поддршка.

ШТО СЕ СЛУЧИЛО?

Натпреварите од Мундијалот 2018 во Германија го пренесуваат неколку телевизиски канали. ZDF (една од најголемите телевизиски куќи во Европа) ја поставил Клаудија Нојман која 20 години работи како спортски коментатор, да ги коментира мечевите од Русија.

Во историјата на Германија жена никогаш не коментирала машко Светско првенство.

Се испоставило дека германските гледачи не се спремни за такво нешто. Кај Клаудија ги нервирало се: гласот, беземотивноста, фактички грешки, нагаѓања и слично. Многумина сметале дека таа ја добила работата само затоа што е жена.

Во деновите кога Клаудија Нојман коментирала, германските Твитер корисници плачеле:

„Зошто никој не сфаќа, дека проблемот не е во тоа што таа е жена и во нејзината компетенција туку во иритантниот глас?“

Или:

„Клаудија Нојман е емотивна и возбудлива како танцувачка група од домот за стари лица во Шварцвалд. Но разбирам: еднаквост на полови“.

 

Клаудија Нојман

Дел од поплаките се основани: Нојман периодично правела грешки. На пример, на мечот Јапонија - Колумбија постојано му го грешела презимето на јапонскиот фудбалер Харагути. На почетокот од овој натпревар рекла дека Кејсуке Хонда е на теренот (а Хонда влезе во игра во 80’ минута).

Во обата случаи Нојман моментално ги приметила грешките и им се извинила на гледачите:

„Јас секогаш сум незадоволна од својата работа. Понекогаш сама избирам премногу сложени и не баш јасни формулации, но не можам да се сетам на некои сериозни грешки, вели Нојман и додава:

На Светското се неизбежни и незабалежителни грешки, на пример кога изговарам играчи. На Светското има селекции и играчи кои не ги знаат баш сите. Јас никогаш во живот не сум видела фудбалер на Јужна Кореа и на Костарика, но ми се падна да го коментирам мечот меѓу нив на женското Светско првенство во 2015-та“, искрено признава Клаудија.

Некои сметаат дека главна причина за незадоволство од преносите на Клаудија е фрустрацијата поради раната елиминација на Германија. Нив им треба жртва на која ќе ја испуштат фрустрацијата и агресијата а во случајов тоа е Клаудија Нојман.

НОЈМАН КОМЕНТИРА ОД 1991 ГОДИНА

Фудбалот го заскала од детство. „Секогаш трчав по топка во дворот со машките. Во детството собата ми беше излепена со плакати од играчите. А Светско и Европско беа посебни и уште се посебни за мене“, се сеќава Клаудија.

Во 1991 година таа се вработила на ZDF како спортски коментатор што и било животна желба. Периодично вршела преноси на фудбалски натпревари, а во преостанатото време работела на Олимписки игри, велоспорт и тенис.

Од Светското за жени во 2001

Пред да се префрли на машките меѓународни првенства, Клаудија работела на женското Светско првенство во 2011-та, а во 2016 го коментирала машкото Европско првенство и станала првата жена-коментатор во Германија за таков важен турнир. Но уште тогаш ја критикувале на социјалните мрежи.

И покрај тоа, Нојман напредувала во кариерата: во февруари 2018-та таа го коментирала мега дербито Реал - ПСЖ во осминафинале на Лига на шампиони и станала првиот женски коментатор во историјата на ова првенство.

Нојман се придржува до традиционалниот стил на европските коментатори: оперативно раскажува за случувањата на теренот и не ги дави гледачите со одвишни информации. За тоа Клаудија многу време поминува во подготовка за средбите:

„Гледам неколку последни натпревари на екипите кои ќе ги коментирам, читам материјали на интернет. Ги собирам сите информации кои може да бидат полезни во еден или друг момент од мечот и го вадам најважното за што мислам дека гледачот не знае“, раскажува најпознатата германска коментаторка.

Таа е сигурна дека тоа што и дале зелено светло да ги пренесува натпреварите од Светското првенство, нема врска со тоа што е жена: „Работам на телевизија повеќе од 20 години и коментирање на машките фудбалски турнири е нормален развој во професијата“.

КАКО РЕАГИРАЛЕ ВО ГЕРМАНИЈА?

Екипата на германски ZDF на Светското 2018 во Русија

Во тв гигантот ZDF биле спремни за големи критики на сметка на Клаудија Нојман и затоа порано разработиле стратегија во случај на масовно незадоволство на гледачите.

На 29 јуни прес-службата на оваа голема компанија соопштила дека каналот дал на суд две лица кои објавиле непристојни и вулгарни коментари за Нојман.

Директорот на компанијата Томас Белут изјавил дека во суштината на нивните тврдења има основа за покревање тужба за навреда.

„Некои гледачи уште имаат проблем со жените кои коментираат фудбал. Но Клаудија си ја врши својата работа сосема професионално“, рекол Белут.

Во Германија случајот Нојман се кренал на повисоко ниво, жените добиле повеќе простор за интервјуа во медиумите а нејзината фотографија стасала и до насловната страна на реномираниот Bild.

Брзо се појавиле и тие кои ја поддржале на социјалните мрежи:

„Просто задоволство е да се слушаат преносите на Клаудија Нојман. Таа коментира подобро од Штефенс, Бартелс и многу други нејзини машки колеги. Фала ZDF“.

***

Интересно е што во Германија мнозинство од гледачите позитивно гледаат на тоа жена да коментира фудбал. Во 2017 година научно-истражувачккиот институт Civey спровел истражување на темата. Резултатите покажале дека 48,5% имале високо позитивно мислење за жените коментатори, а 20,4% само позитивно.

Каналот ARD во знак на солидарност јавно побарал зголемување на бројот на женски коментатори.

По завршувањето со работата на Светско (договорот и важел до осминафиналето), Клаудија дала интервју за Die Zeit. Судејќи по ставот, ситуацијата најмалку ја вознемирила толку неа:

„Критиките не се за мене како личност, туку станува збор за тоа што жените нагло почнаа да се појавуваат во фудбалот на високи позиции. Мажите мислат дека нив им припаѓа последната оаза. Можам само да ги повикам луѓето: учете понатаму, доусовршувајте се, раширете ги своите погледи. Така ќе научите да ги прифаќате ставовите на другите“.