Бура од емоции на Барнабеу за заминувањето на Тони Крос

После 10 фантастични и незаборавни сезони со 22 трофеи и 464 настапи, германската легенда Тони Крос ја завршува мадридската авантура.

На 1 јуни на Вембли против Борусија Дортмунд, Тони Крос ќе го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид, но синоќа му беше последен на Бернабеу и последен во првенство кое го заврши со титула.

После Европското ова лето реши да му стави крај на фудбалот и покрај тоа што не е престарен, има 34 години и уште игра во топ форма.

Со своите феноменални партии, Крос остави силен белег како еден од најголеми мозоци кои заиграле на Сантијано Бернабеу и заминува со вкупно 22 трофеи од кои 4 титули во Ла Лига и 4 во ЛШ кои следниот викенд може да станат 5.

Го испратија со сите нишани и имаше солзи на сите страни. Заплака и тој и ќерка му и многу навивачи.

26 мај 2024 - 10:32