На возраст од 25 години Тони Крос има освоено Лига на Шампиони и Светско Првенство, како и голем број на индувидуални признанија. Но неговата прва сезона во Реал Мадрид беше просечна.
Откако стана тренер на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола го нарече Тони Крос новиот Чави, ставајќи го на истата позиција на која Чави играше додека тој ја водеше Барселона.
Во историското Светско првенство за Германците лани, ниту еден играч од средината не успеа да го засени Тони Крос, иако Хавиер Маскерано и Пол Погба беа имресивни на неколку натпревари. Тони Крос беше главен диригент во дебаклот што им го нанесоа на Бразилците во Бело Хоризонте. На овој натпревар во средината играше покрај Сами Кедира и Бастијан Швајнштајгер кои имаа дефанзивни задачи на овој натпревар, со што Крос имаше повеќе слобода да притисне понапред.
Крос е интелигентен играч кој може да ја рашири противничката одбрана со брзи, прецизни и едноставни додавања. Неговиот стил е сличен на Чави и Андреа Пирло најдобрите играчи од средината против кој има играно.
Кога игра заедно со Лука Модриќ во стартниот тим, Реал Мадрид има побрза транзиција од средина во напад пред сè поради нивната добра соработка.
Најдобро му оди со Модриќ
Анчелоти мината сезона го играше Тони Крос повеќе од 4.500 минути на позиција која не му одговараше на Германецот. Се очекуваше дека Крос ќе добие шанса понапред, но со доаѓањето на Хамес Родригез и неочекуваниот трансфер на Чаби Алонсо во Баерн Минхен значеше дека ќе мора да игра дефанзивно во средината.
Додека му беше тренер Гвардиола, Крос играше на позицијата “лажен“ плејмејкер, но беше и осамен дефанзивен играч од средниот ред во повеќе ситуации. Тоа е она кога имате дефанзивни задачи и кога сте ограничени во одењето напред. Поради тоа е потребно да имате повеќе играчи во средината кој ќе помогнат за покривање на овој дел од теренот.
Поголемиот дел од ланската сезона, Реал Мадрид немаше таков луксуз со играчи од средината, па целиот товар беше врз Тони Крос. Асиер Иљараменди немаше доверба кај Анчелоти, Кедира немаше желба да игра, додека Лукас Силва кој дојде во јануари доби мала шанса. Оттука останува само Лука Модриќ од средината кој може да го намали притисокот врз Крос.
Со оглед на тоа што Хрватот беше склон на повреди изминатата сезона, дуото Модриќ-Крос настапи само неколку пати. Додека играат заедно, Реал Мадрид беше незапирлив и на пат да стане првиот тим што ја одбранил титулата во Лига на Шампиони, откако Милан тоа го стори во 1980 година.
Натпреварот против Барселона
Најдобриот натпревар на Кралевите беше првиот Ел Класико во октомври, кога исфрустрираната Барселона немаше одговор за огромниот притисок и брзите и прецизни додавања на играчите од средината на Реал Мадрид. Крос беше насекаде и имаше 56 од 60 успешни додавања.
Неговиот процент на прецизни додавања, сепак бара одредена поддршка. Тој имаше огромна помош од Модриќ и Иско, а Хрватот имаше 100 % прецизност во додавањата. Играчите од средината му помогнаа на Крос и се враќаа назад да ја притиснат средината на Барса. Модриќ, Иско и Крос притискаа високо напред, но и секогаш беа близу еден до друг за прецизни додавања. Поради долгата пауза на Модриќ, овој луксуз Реал Мадрид го немаше во секое време.
Во првиот полуфинален дуел против Јувентус, Крос имаше 93% прецизни додавања, но немаше подршка од неговиот партнер во средината како од Модриќ. Таа улога ја доби дефанзивецот Серхио Рамос.
Која улога ќе ја има кај Рафа?
Во сезоната 2014/2015, Реал Мадрид играше седум пати против големи екипи како Барселона, Атлетико Мадрид, Валенсија, Јувентус и забележа само две победи и две нерешени.
Тоа е и една од причините поради која Анчелоти беше отпуштен, но самото тоа повлекува и некои прашања. Во секој пораз на овие големи натпревари, Модриќ беше повреден и Крос средниот ред мораше да го држи со Рамос, Иљараменди или Кедира.
Најголем проблем кај Реал Мадрид минатата сезона беше недостатокот на играчи во дефанзивниот дел од средината. Тој проблем влијаеше врз целиот тим, почнувајќи од средината, па се до нападот предводен од Бејл, Роналдо и Бензема.
Но дали Реал Мадрид го препозна тоа? Новиот тренер Рафа Бенитез правилно размислува за одговорот планирајќи да го употреби Крос понапред во средината, со што ќе му биде потребен нов дефанзивен играч од средината.
За таа позиција на радарот на Реал Мадрид е фудбалерот на Лацио Лукас Биља, а опција е и нивниот позајмен играч во Порто, Касемиро.
Извор: fourfourtwo