Тони мајсторе што стори со трофеите?

Роналдо и Меси секоја година си ги мерат или им ги мерат пехарите кои ги освоиле, а се заборава на некои други славни момци на кои витрината им е полна. На пример Тони Крос, човекот кој не може да се доброи.

Ако му постави некој прашање на фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони ти што постигна во животот изминативе 7 години, тој треба да се вклучи на интернет и да им покаже ова за да не пропушти нешто.
А да е само толку. Тони Крос има 28 години и вкупно 24 трофеи во досегашниот дел од кариерата. Дваесет и четири. Сето тоа со два клуба и една репрезентација.
 
Со Баерн Минхен 12, со Реал Мадрид 11 и со Германија светски првак. Крос со двете екипи успеа да врзе тројна круна.
 
Во една деценија играње фудбал освои трофеи кои за некого се недостижни во три кариери. Како ли ќе изгледаат неговите успеси ако игра уште 10 години.
 
30 мај 2018 - 16:00