Репрезентацијата на Германија беше под голем притисок пред вечерашниот дуел со Шведска. После неочекуваниот пораз од Мексико во првото коло, избраниците на Јоаким Лев мораа да победат за да останат во игра за пласман во осминафинале.
И победија.
На прав германски начин, како што би рекол Гари Линекер: „Фудбалот е игра во која на крајот победуваат Германците“.
Тргнаа офанзивно со дури 5 измени во стартниот состав во однос на натпреварот со Мексико, но Швеѓаните ги одбиваа сите напади и чекаа прилика од контра напад. Токму после еден таков против удар Ола Тоивонен ги олади светските шампиони во 32’ минута:
На полувреме се замина со водство на Скандинавците кои во тој момент имаа 6 бода на своето конто и сигурен пласман во осминафинале. Но Германија не би била тоа што е ако се предаде предвреме.
Само што почна вториот дел Марко Ројс израмни во 48’ минута:
На сите маки Германците во 82’ минута останаа и со играч помалку зошто Боатенг доби втор жолт картон и автоматски беше исклучен по стартот над Маркус Берг:
На крајот кога сè изгледаше готово и безнадежно, Тони Крос постигна спектакуларен гол буквално во последната секунда од мечот, од слободен удар за големо славје на „панцирите“:
144 - ⚡️ Toni Kroos made 144 touches against Sweden tonight, a record for a German 🇩🇪 player in a World Cup 🏆 game since 1966. Wizard. #GERSWE #WorldCup pic.twitter.com/k9OZLJod8T
— OptaJean (@OptaJean) June 23, 2018
Германија сега има 3 бода и во последното коло против Јужна Кореја сама ќе одлучува за својата судбина. Шведска има исто 3 бода по триумфот во првото коло против Јужна Кореја а Мексико со 6 бода е прв во групата.
Во последното коло играат Мексико - Шведска и Германија - Јужна Кореја
🇫🇷 1998: France WIN World Cup
— Pope 🇬🇭 (@Champagnep0pe) June 23, 2018
🇫🇷 2002: France OUT in Group Stage
🇮🇹 2006: Italy WIN World Cup
🇮🇹 2010: Italy OUT in Group Stage
🇪🇸 2010: Spain WIN World Cup
🇪🇸 2014: Spain OUT in Group Stage
🇩🇪 2014: Germany WIN World Cup
🇩🇪 2018: Germany _____________#GERSWE