Во наелектризираното полуфинале меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен последниот гол на „Сантијаго Бернабеу“ (2:2) го даде Хамез Родригез.
Сезонава најомилениот фудбалер во Колумбија игра за Баварците но правата на него ги имаат во Мадрид. По прекрасните настапи на Мундијалот во Бразил пред четири години Реал Мадрид му платил на Монако неверојатни 80 милиони евра за трансфер!
Хамес на почеток беше првотимец, но не стана клучна фигура во екипата ниту кај Анчелоти, ниту кај Рафа Бенитез, а по назначувањето на Зинедин Зидан тој се забетонира на клупата или ни таму.
Минатото лето Баерн и Реал најдоа се договорија за него: 2-годишна позајмица во износ од 13 милиони евра со право на откуп за 42 милиони евра - релативно смешна сума за 26-годишниот фудбалер од светска класа.
Но и Шпанците имале свои мотиви: Договорот на Хамес кој истекувал во 2019-та го продолжиле на уште пар сезони. Центарфорот на Колумбија одлично се адаптираше во Германија и во клубот, но за Реал има само убави сеќавања:
„Секогаш е пријатно кога ќе се вратиш тука каде што ти бил домот. Ако дадам гол нема да го прославам. Во Реал се однесуваа добро со мене, играв многу со екипата и тоа е прашање на почит. Немам никакви негативности за односот на Зидан кон мене. Просто сакав да играм секоја недела“, изјави Родригез пред реваншот со Реал Мадрид.
На половина час до последната судиска свирка, Хамез истрча пред синоќа феноменалниот Кејлор Навас, постигна убав гол, го врати Баерн во игра, но ги задржа емоциите. За секоја почит!